Легендарната Марија Сидорова ја заврши кариерата

Легендарниот чувар на мрежата на руската репрезентација и Звезда Звенигород – Марија Сидорова одлучи да стави крај на нејзината долгогодишна кариера.

По завршувањето на сезоната не беше јасно дали Сидорова уште една година ќе биде дел од составот на Звезда и одлуката дека се повлекува од активното играње ракомет таа ја соопшти на клубот неколку дена пред официјалниот старт на подготовките на Звезда Звенигород за новата сезона.

Во текот на нејзината кариера Сидорова на двапати беше светски првак со репрезентацијата на Русија и дополнително има две сребрени медали од Европското првенство во 2006 година и Олимписките Игри во Пекинг во 2008 година.  Исто така бројни се и тутулите кои Сидорова ги има освоено во рускиот шампионат.

35 годишниот чувар на мрежата на руската репрезентација сепак и понатаму ќе остане во ракометот бидејќи е назначена за тренер на младите категории на нејзниот клуб – Звезда.