Левиот бек на Вардар успешно опериран во Загреб (ФОТО)

Ракометарот на Вардар, Сергеј Горбок кој се повреди на тренинг пред почетокот на новата сезона од Лигата на шампионите успешно го помина оперативниот зафат во Хрватска и сега следува период на рехабилитација.

Горбок беше опериран во Хрватска, а според расположението на фотографијата и според информациите сè поминало во најдобар ред со операцијата, но ќе треба време за да може да почне со нормално движење, а потоа и со полесни тренинзи.

Операцијата ја изврши професор Јанковиќ, а Горбок многу ќе му недостига на тимот на Вардар така што е сосема извесно дека напролет Парондо ќе може одново да смета на неговите услуги.

Фото: Инстаграм