Лаура Стаинбах официјално во Берлин

По низата шпекулации дека репрезентативката на Германија, Лаура Стаинбах ќе ја напушти престолнината на Унгарија – Будимпешта и ќе се пресели во бундеслигашот Берлин , клубскиот сајт на унгарскиот клуб излезе со соопштение дека Стаинбах не е повеќе дел од ФТЦ. Унгарскиот клуб и посака се најдобро на Лаура во нејзината клубска и репрезентативна кариера.

Во текот на вчерашниот ден, Лаура Стаинбах потпиша официјален договор со амбициозниот клуб Фуксе Берлин. Моментално новиот клуб на Лаура е на шестата позиција во германската лига. Како една од причините за преселбата во Берлин се наведува и врската помеѓу Лаура и шпанскиот ракометар Икер Ромеро кој ги брани боите на машкиот клуб, Фуксе Берлин.


 

Фото: spreefuexxe.de