Лауге: Вардар ќе ни биде главен ривал за првото место во групата

Данскиот ракометар Расмус Лауге Шмит кој го напушти Флензбург и од надредната сезона ќе настапува во Веспрем, имаше свој коментар за ждрепката на групите во Лигата на шампионите. Во групата Б ќе играат Вардар, Келце, Веспрем, Кил, Мешков Брест, Мотор Запорожје, Монпелје и Порто.

„На прв поглед групата изгледа многу тешка. Борбата за првите две места во групата ќе биде помеѓу Вардар, Кил, Веспрем и Келце, но ова е само мое мислење. Можно е да изгубиме некои планирани бодови во групната фаза. Сепак мислам дека борбата за прво место во групата и директен пласман во четврфиналето ќе биде помеѓу споменативе четири екипи“, изјави Лауге.

Данскиот интернационалец својата кариера ја започна во Бјерингро-Силкеборг, а во германското првенство покрај Фленсбург настапуваше и за Кил, и освои две титули во најсилната национална лига во светот. Лауге минатата сезона многу успешно го водеше Флензбург до титулата во Бундес лигата, но не успеаја против Веспрем да обезбедат место на Ф4.