Ласе Сван уште четири години во Фленсбург

Данскиот репрезентативец Ласе Сван Хансен, кој на љ69 натпревари има даденно 370 голови за Фленсбург, го продолжи договорот со бундеслигашот за нови четири години, односно до 2020 година.

Искусниот Данец пристигна во Фленсбург во 2008 година, а по се изгледа таму планира да ја заврши кариерата.

„Среќен сум што следните четири години ќе бидам дел од Фленсбург. Чест е да се игра за овој клуб и верувам дека овде може да направам уште многу добри работи.“ – изјави Сван.