Ланските финалисти доминираат: Вардар и ПСЖ го играат најдобриот ракомет и сезонава

Актуелниот бранител на титулата во Лигата на шампионите, Вардар и ланскиот финалист, ПСЖ ги имаат запоседнато првите места во групите А и Б кои гарантираат директен пласман во четврт-финалето од ЛШ, а за да се случи тоа ќе треба да одработат добро и во следните шест кола.

Две од овие кола ќе се одиграат во следните два викенди, а другите четири после Европското првенство во Хрватска така што е сосема извесно дека ќе има уште многу треперење до крајот на групната фаза.

Според играта која што Вардар и ПСЖ ја демонстираа досега во оваа сезона за очекување е дека ќе успеат да издржат на највисокото место, но ќе мора тоа да го потврдат и со игрите на теренот и на следните средби. Нивните партии во последниот викенд беа дефинитивно неверојатни така што она што во моментов го играат двете екипи може да се каже дека е најдобриот ракомет во Европа.

За Вардар најголемиот доказ доаѓа од изјавата на тренерот на Рајн Некар, Николај Јакобсен, кој се поклони пред шампионите признавајќи дека играат убедливо најдобро и дека во моментов немаат вистинска конкуренција во Европа.

Инаку, од овој викенд има само две екипи коишто се непоразени во Лигата на шампионите, а тоа се Монпелје и Вардар. Французите ги имаат максималните 16 бода, додека Вардар има едно реми и тоа против ПИК Сегед, теренот каде што вчера Барселона капитулираше.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ ОД 8. КОЛО

ГРУПА А

ВАРДАР – РАЈН НЕКАР 30:26

НАНТ – ППД ЗАГРЕБ       28:27

ПИК СЕГЕД – БАРСЕЛОНА           31:28

ВИСЛА ПЛОЦК – КРИСТИЈАНШТАД       25:25

ТАБЕЛА: 1. Вардар 15 бода (219:188); 2. Рајн Некар 11 (240:217); 3. Нант 11 (231:222); 4. Барселона 10 (240:221); 5. ПИК Сегед 9 (241:228); 6. Кристијанштад 4 (204:239); 7. Висла Плоцк 2 (213:237); 8. ППД Загреб 2 (196:232).

ГРУПА Б

КЈЕЛЦЕ – АЛБОРГ           28:27

ВЕСПРЕМ – ПСЖ              24:29

ЦЕЛЈЕ – КИЛ      27:28

ФЛЕНЗБУРГ – БРЕСТ М.                37:30

ТАБЕЛА: 1. ПСЖ 14 бода (246:216); 2. Флензбург 12 (235:215); 3. Веспрем 11 (236:226); 4. Кјелце 8 (231:227); 5. Кил 7 (193:209); 6. Брест Мешков 5 (220:231); 7. Целје 5 (236:250); 8. Алборг 2 (212:235).

ГРУПА Ц

ГОРЕЊЕ – ДИНАМО Б. 33:29

КАД. ШАФХАУЗЕН – АДЕМАР ЛЕОН      23:24

СКЈЕРН – ЕЛВЕРУМ        35:25

ТАБЕЛА: 1. Скјерн 12 бода (260:206); 2. Горење 10 (224:215), 3. Адемар Леон 10 (214:214); 4. Елверум 8 (228:241); 5. Кадетен Шафхаузен 6 (215:222); 6. Динамо Букурешт 2 (220:263):

ГРУПА Д

БЕШИКТАШ – МЕТАЛУРГ            32:29

МОТОР З. – СПОРТИНГ                32:29

МОНПЕЛЈЕ – ЧЕХ. МЕДВЕДИ     34:23

ТАБЕЛА: 1. Монпелје 16 бода (251:203); 2. Мотор З. 11 (233:211); 3. Бешикташ 7 (227:239); 4. Спортинг 6 (235:240); 5. Металург 5 (213:232); 6. Чех. медведи 3 (212:246).