Лакрабере ја елиминира Шпанија во 1/8 финалето на Светското првенство

Репрезентацијата на Франција е новиот патник во четврт-финалето откако во крајно неизвесен натпревар од осминафиналните пресметки на Светско првенство во Данска, ја победи репрезентацијата на Шпанија.

Франција – Шпанија 22-21 (12-9)

Французинките го отворија натпреварот со гол од пенал. Следуваа неколку неуспешни напади на двете страни, па Алисон Пино беше прецизна во четвртата минута за (0-2). Со сигурен напад и добра поддршка од Силвија Наваро, шпанските ракометарки постигнаа четири погодоци во низа за (4-2). Во 11-тата минута Французинките реализираа пенал, но постигнаа и гол од контра напад за изедначување на резултатот(4-4). Следуваше период на постабилна игра на ракометарките на Шпанија па на четири минути пред крајот имаа максимални (11-7) . Сираба Дембеле со својот прв гол намали за (11-8), на спротивната страна возвратија ракометарките на Шпанија, а првиот дел од натпреварот го запечати Алисон Пино за (12-9).

Второто полувреме започна со погодок на ракометарките на Шпанија, но и Французинките возвратија на спротивната страна (13-10). Во следните минути освен погодоци следуваа и исклучувања на двете страни. Во 38-мата минута од натпреварот Кармен Мартин заработи две минути исклучување по еден остар старт со лакт врз Ниомбла, но и покрај тоа Шпанките успеаа да погодат со две ракометарки помалку (16-14). Во 43-тата минута од натпреварот Лакрабере со бомба од девет метри изедначи на (16-16). Следуваше период на игра гол за гол и постојано изедначување на резултатот по што Шпанките се одлепија на два гола разлика (20-18). Французинките ги консолидираа своите редови и успеаа да изедначат на (20-20) на пет минути пред крајот на мечот. На три минути пред крајот при резултат (21-21) во фокусот беа Амандин Лејно и Силвија Наваро со своите одбрани. Во последните секунди од натпреварот беше досуден  удар од седум метри за Франција, а Александра Лакрабере го претвори во гол за победа на Франција и пласман во четврт-финалето (22-21)