Лазовиќ: Не смееме да му дозволиме на Крим да помисли на победа ниту една минута од натпреварот!

Ракометарките на Вардар по поразот во првото коло од главната фаза во Лигата на шампионите, ќе ја бараат првата победа против словенечкиот првак Крим Меркатор. Спортскиот центар “Јане Сандански” е домаќин на дуелот, а македонската публика предизвик повеќе за првата официјална победа на вардарки оваа година.
Гордана Нацева, претседател на клубот:
Тоа што се случуваше во Лајпциг беше лош ден за сите нас, но неможе да се променат фактите, затоа очекувам консолидирање на нашите редови и од сабота очекувам Вардар да се труди да биде на врвот на табелата.

Индира Кастратовиќ, тренер на екипата:
Ќе започнам со натпреварот во Лајпциг, на тој натпревар не го покажавме она што сите очекуваме дека можеме да направиме. Секоја сезона нашите први натпревари секогаш тешко ги играме. Со Крим ќе се обидеме да заборавиме на она што се случуваше во Лајпциг и во сабота да одиграме еден добар натпревар за победа.
Барбара Лазовиќ, ракометарка на ЖРК Вардар:
Сигурно не смее да си дозволиме повеќе таква игра и така лош ден, веќе немаме право на грешка. Во сабота одиме на победа и на Крим не смееме да му дозволиме ниту една минута да помисли дека може да победи.

Натпреварот се игра во сабота во СЦ “Јане Сандански” со почеток од 19:00.