Лазаров: Треба да градиме победнички менталитет особено за младите играчи (ВИДЕО)

Капитенот на репрезентацијата на Македонија, Кирил Лазаров со своето искуство и понатаму ќе биде носителот на играта и лидер на составот за натпреварите коишто следуваат во овие квалификации за Европското првенство во 2020 година.

На почетокот на новата ЕХФ-недела во која речиси и да нема време за тренинзи туку со еден до два тренинзи се оди на дуел против Исланд, Лазаров вели дека мора да се влезе со победнички мисли во овој двобој.

„Играме со добро познат ривал, кој би го сместил веднаш зад Топ 5 селекциите во Европа. Ние треба да градиме победнички менталитет особено за овие млади играчи. Без разлика кој е противникот мораме да се поставиме така и да влеземе во мечот со победнички мисли. Се познаваме добро, а освен Дејан Манасков кој има повреда од финалето на Купот на Унгарија другите играчи се подготвени за овој двобој“, изјави Лазаров.

Ракометарите вечерва имаат тренинг во салата во СЦ „Борис Трајковски“, а утре патуваат за Рејкјавик каде в среда од 21:45 часот по македонско време.

Комплетната изјава од Кирил Лазаров можете да ја видите во продолжение.