Лазаров: Тие имаат симпатична екипа, но ние сме за нијанса подобра институција

На прес-конференцијата по фантастичниот натпревар меѓу Вардар и Висла Плоцк тренерите на двете екипи со претставниците од двата тима, Родриго Коралес и Филип Лазаров ги истакнаа своите импресии по натпреварот:


FLP_3115Маноло Кадењас, тренер на екипата Висла Плоцк:
За нас ова е големо искуство во ова натпреварување да дојдеме до последните 16, им честитам на Вардар тие играа подобро од нас имаа одличен натпревар, одлична публика, одлични судии, секако за нив, не за нас и тоа е тоа.


FLP_3114Родриго Коралес, голман на екипата Висла Плоцк:
Се согласувам со тренерот. Честитки за Вардар за одиграниот натпревар, работевме многу и вложивме многу емоции да го поминеме првиот елиминациски круг, но не успеавме.

FLP_3107Раул Гонзалес, тренер на екипата РК Вардар:
За нас беше многу тешко да играме со оглед на постигнатиот резлултат од Полска, губевме 8-9 голови можеби ќе беше невозможно да ги стигнеме, сепак шест голови разлика беше реално да се анулираат тука со одлично одигран натпревар Кадењас одлично ја постави играта, тие играа одлично цела сезона, имаа добри партии против Киелце и Барселона. Голем успех е за Вардар две години по ред да одиграат такви натпревар и да се пласираат меѓу последните 8 екипи во Лигата на шампионите.

FLP_3103Филип Лазаров, ракометар на РК Вардар:
Честитам на противничката екипа за двата одлични меча, се играше машки, претходно во нашата соблекувална ни беше пренесено дека ракометарите на Висла не потцениле и тоа ни даде дополнителна мотивација. Тие имаат симпатична екипа со одличен тренер, но ние сме за нијанса подобра екипа, за нијанса подобри како институција и екипа. Тоа го покажавме со тоа што не го коментиравме судењето на претходниот натпревар за разлика од нив. Покажавме дека за нијанса теренот во Скопје е пожежок од тој на Полцк. Заслуживме да победиме денес и успеавме во тоа.