Лазаров стрела одлично и во квалификациите, повторно е меѓу најдобрите голгетери

Капитенот на репрезентацијата на Македонија, Кирил Лазаров на коло пред крајот на квалификациите се наоѓа на 3. позиција со вкупно 37 погодоци. Тој е зад Енди Шмид од Швајцарија и Дејан Турковиќ од Италија.

Во топ 10 е и Даини Кристопанс од Вардар, кој е на делба на 10. позиција со уште неколку ракометари.

Меѓу најдобрите 50 има уште двајца играчи кои се дел од репрезентацијата на Македонија. Филип Талески има 24 гола и ена делба на 28. место со Тимур Дибиров, додека Дејан Манасков со 22 погодоци го дели 32. позиција.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2020

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ (ПОСЛЕ 5. КОЛО)

ТОП 10

48 – Енди Шмид (Швајцарија)

44 – Дејан Турковиќ (Италија)

37 – Кирил Лазаров (Македонија)

35 – Валон Дедај (Косово)

34 – Јирген Роба (Естонија)

33 – Микел Хансен (Данска)

32 – Дениз Терзики (Косово)

31 – Недим Ремили (Франција)

30 – Даини Кристопанс (Летонија)

30 – Онур Ерсин (Турција)

30 – Уве Генсхајмер (Германија)

30 – Арон Палмарсон (Исланд)

30 – Димитриос Цирас (Грција)

24 – Филип Талески (Македонија)

22 – Дејан Манасков (Македонија)