Лазаров: Со помош на нашата публика да запишеме уште еден историски резултат!

Шест голови потребни за надеж и подигнување на самодовербата. Шест погодоци кои значат четвртфинале. Шест погодоци кои ќе го повторат историскиот успех и ќе овозможат нова шанса за пласман на Фајнл Фор турнирот.
Тоа е влогот на Вардарци, на саботниот четвртфинален дуел против полската екипа Висла Плоцк. Затоа на денешната прес-конференција за своите очекувања од овој исход говореа Раул Гонзалес и Филип Лазаров.
000_2265
Раул Гонзалес, тренер на екипата на Вардар:
Ќе го играме најважниот натпревар оваа сезона, се надевам дека ќе бидеме успешни, во Полска одигравме лошо и во нападот и во одбраната. мораме да го подобриме сето тоа доколку сакаме да продолжиме понатаму. Трениравме добро оваа недела и немаме повредени играчи. Се надевам дека атмосферата која ќе ја имаме на домашен терен ќе помогне да оствариме позитивен резултат, бидејќи секогаш кога игра Вардар дома има одлична атмосфера. Очекувам интересен и драматичен натпревар разликата е голема -шест голови, но се надевам дека ќе ги стигнеме.

000_2263Филип Лазаров, ракометар на екипата на Вардар:
Во сабота не очекува тешка борба. Самите сме виновни за високиот пораз. Висла се надмина себе си, а нашата игра не беше ниту на 50% од нашите можности. Се надевам дека на реваншот ќе се сменат работите не верувам дека може да повторат два такви натпревари, а ние да одиграме два такви лоши натпревара. Нашето место реално е меѓу осумте најдобри. Во сабота сконцентриани и фокусирани да го градиме резултатот од минута во минута и бодрени од нашата публика да впишеме уште еден историски резултат за оваа екипа. Се надевам дека на крај сите ќе се радуваме.

ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ

Забрането превземање на фотографии без одобрение од Редакцијата