Лазаров со петка во победата на Нант против Саран

Кире Лазаров одигра добар меч за Нант во првенството на Франција и распали кон голот на Саран. Реализираше пет од осумте удари во средбата во која домашните славеа со 31:29.

Нант беше во предност во текот на целата средба. Гостите се држеа на пристојна негатива, но не можеа да се заканат и да направат нешто повеќе.

Кире влезе на терен на средина од првиот дел и имаше добра партија така што продолжува да покажува дека е вистинско засилување за составот на Нант и допрва се очекува уште повеќе да ја крене формата.

Со новите бодови тимот на Нант се најде на 6. позиција и има вкупно десет поени. После девет кола заостанува зад лидерот Монпелје седум бода.