Лазаров со Нант испиша нова историја: Преку ПСЖ до првата титула на „Трофеј на шампионите“

Традиционално секоја година сезоната во ракометната француска лига започнува со „Трофеј на шампионите“. Во Руен се одржува завршницата на овој турнир со кој официјално започна новата ракометна сезона, а учествуваа најдобрите четири екипи од минатата сезона. Во финалето оваа сезона се сретнаа Нант и ПСЖ откако во полуфиналето беа поуспешни од Монпелје односно Сант Рафаел.

Нант го освои првиот трофеј оваа сезона откако беше поуспешен од ПСЖ со резултат 26-32 и ја прекина доминацијата на ПСЖ кој во последните три сезони беше носител на оваа титула. Нант ја контролираше играта речиси во сите шеесет минути, по изедначените седум минути игра францускиот вицепрвак со низа од четири голови на средината на првиот дел дојде до највисокото водство од четири голови 6-10, разлика која ја зачува до самиот финиш на првиот дел. Во последните минути ПСЖ успеа да ја преполови разликата на Нант за двете екипи да заминат на пауза со конечен резултат 16-18.

Разликата од четири голови се задржа и во вториот дел. Немоќни беа избраниците на Сердарушиќ, па ниту тајм аутот не го промени текот на натпреварот. До 50та минута губеа со високи пет голови 24-29, а во последните шест минути Нант имаше предност од високи 25-31. Разлика која се задржа до крај за конечни 26-32.

Ова е прва титула на „Трофеј на шампионите“ за Нант во својата клупска историја и прва за капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров во Франција, кој постигна четири гола во финалниот дуел.