Лазаров со два гола, Нант со победа против ПИК Сегед

Следниот противник на Вардар, Нант имаше победнички старт на сезоната во Лигата на шампионите и тоа на домашен терен против ПИК Сегед со 30:26.

За Кире Лазаров ова беше прв меч во Лигата на шампионите со новиот тим, а имаше два гола од три обиди со што имаше скромен придонес за клубот. Обично Кире е тој којшто доминира меѓу стрелците, но на овој дуел беше доволно и ова за да може да се обезбеди триумф.

Нант беше подобриот ривал во текот на целата средба, па немаше проблеми да се обезбеди победа што е само најава за пеколен натпревар в сабота во Скопје кога Французите му гостуваат на актуелниот првак.

Вардар ќе има тешка задача, а ова ќе биде и првиот дуел против еден македонски ракометар сезонава бидејќи ќе има уште против двајца во натамошниот дел од сезоната во групната фаза.