Лазаров се врати на терените, Шамбери и Обрван го изненадија Нант

Капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров, се врати на ракометните терени по паузата што ја имаше поради малата повреда. Неговиот Нант загуби изненадувачки со 28:32 од Шамбери, тимот предводен од поранешниот селектор на Македонија, Ивица Обрван.

На десната бековска позиција поголем дел од мечот играше Едуардо Гурбиндо, а Лазаров имаше лимитирана минутажа. Постигна 1 гол од 2 обиди од пенал, а единствениот удар од игра не влезе во голот на гостите.

Ова е прва победа и први бодови за составот на Ивица Обрван откако забележа шест порази во претходните шест кола.