Лазаров: Под водство на Вујовиќ, Загреб стана дрска екипа!

Во пресрет на првиот четвртфинален дуел помеѓу ППД Загреб и Барселона кој е на програмата вечерва од 20 часот и 10 минути во Арена Загреб, македонскиот ракометен капитен со задоволство се сеќава на деновите кога го носеше дресот на хрватскиот тим. Лазароов пред вечерашниот натпревар за хрватските медуими изјави:

Добро знаеме што не чека. Видов на порталите дека луѓето чекаа на ред за да дојдат до карта за овој натпревар. Владее голема еуфорија и драго ми е што ќе играме пред полна сала. Под водство на Вуовиќ, Загреб стана дрска екипа, секако во позитивна смисла.

Загреб е мојот прв клуб надвор од границите на Македонија. Секогаш со задоволство се сеќавам на тие времиња. Од денешните ракометари на Загреб во тоа време со мене настапуваа Хорват и браќата Валчиќ.