Лазаров останува без уште еден соиграч

Николас Клер и Емерик Мин од наредното лето требаше да ги сменат клупските бои, Клер да оди во Екс, а Мин на негово место да пристигне во Нант. Сепак најверојатно оваа трампа ќе се реализира уште оваа лето, иако договорите се потпишани од сезоната 2020/21.

Француските клубови интензивно преговараат размента на играчите да ја направат една година порано. Позитивно во оваа ситуација е тоа што и играчите сакаат веднаш да ги сменат клубовите. Главните луѓе на клубовите веќе ги разгледуваат најприфатливите опции.

Во Франција се споменува износ од 150.000 евра кои треба да ги плати Нант за 22-годишниот Мин уште летово да стане нивен играч. Овој надоместок Нант треба да го плати како резултат на големата разлика во платите на играчите.