Лазаров: Нант не е второкласен тим

Капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров претстојниот викенд ќе го има камбекот во Барселона, но овојпат да игра против тимот чиј дресот го носеше цели четири сезони. Ждрепката сакаше Нант да биде во група со каталонскиот гигант, па првото соочување со поранешниот клуб ќе го има уште на стартот на сезоната.

„Тоа дека ќе биде посебен меч. Таму минав четири сезони и имам само убави спомени. Ќе играм против многу добри пријатели и ќе ми биде задоволство да се сретнам со нив по натпреварот. Сепак, ќе морам да ги останам чувствата настрана за време на мечот. Веќе покажавме дека можеме да се носиме со големите европски клубови како Вардар и Некар Левен.“ – вели Лазаров.

Десниот бек потенцира дека не ја довел својата кариера во опасност или во залез, како што многумина помислија откако беше објавен преминот во Нант.

„Нант игра модерен ракомет. Тоа не е второкласен тим, туку тим што може да биде конкурентен на најдобрите во Европа. Сите во тимот се амбициозни. Имаме ростер на играчи што се способни на секоја екипа од големите да и направи проблем, сеедно дали во Лигата на шампионите или во француската лига. Не е изненадување за мене што играчи како Клајн и Гурбиндо дојдоа овде, а мене по седумте години во Шпанија ми беше потребен нов предизвик во кариерата. Имав многу понуди, ја видов онаа од Нант и си реков, зошто да не. Од сегашна перспектива, знам дека не погрешив бидејќи дојдов во тим со добри ракометари и одличен стручен штаб.“ – завршува Лазаров,