Лазаров и Темишвар со втор триумф над Арендал, остана уште еден чекор до групната фаза од Купот на ЕХФ (ВИДЕО)

Романскиот Поли Темишвар, каде играат македонските репрезентативци Филип Лазаров и Златко Даскаловски, се пласира во третото квалификациско коло од Купот на ЕХФ, откако славеше и на вториот дуел против норвешкиот Арендал со 27:26.

Иако на полувремето романскиот тим имаше предност од четири голови, 16:12, и уште еден гол предност од гостинската победа, тоа не беше гаранција за пласман понатаму, бидејќи гостите во финишот опасно се доближија. Сепак не го зададоа последниот чекор и победата, вторпат минимална остана за Темишвар.

Лазаров за разлика од првиот меч кога беше најефикасен, сега постигна 2 гола, а најдобар стрелец беше Вук Милошевиќ со 6 голови.

Во продолжение погледнете како ракометарите на Темишвар ја прославија победата со навивачите…

Фото: Doru Costica