Лазаров и Темишвар му дадоа силен отпор на шампионот Динамо Букурешт

Тимот на Поли Темишвар, каде настапуваат двајцата македонски репрезентативци Филип Лазаров и Златко Даскаловски, загуби во дербито на домашен терен од романскиот шампион Динамо Букурешт со 34:33.

Домашниот тим во поголемиот дел од мечот го диктираше темпото и водеше со еден до два голови разлика, сепак поискусниот гостински тим го сврте мечот во своја полза и победничкиот гол го постигна на минута до крајот. Лазаров беше втор стрелец на мечот со 6 голови од 11 обиди. Следниот меч Темишвар ќе го игра на гости кај Фочани и ќе се обиде да ја прекине серијата од три порази по ред.

Фото: Doru Costica