Лазаров и Ристовски го освоија Супер Купот на Шпанија

Двајцата македонски интернационалиц во редовите на Барселона, Кире Лазаров и Борко Ристовски, ја освоија титулата во Супер Купот на Шпанија, откако без особени проблеми, славеа над Хелветиа Анаитасуна со 38:30.

Во првиот дел, Хелветиа парираше колку толку, но сепак во вториот дел беше комплетно скршен отпорот на финалистот на Кралскиот Куп од минатата сезона. Лазаров на овој меч беше стрелец на 6 голови, додека Ристовски имаше солидна партија на голот на каталонскиот гигант и ја доби наградата за најдобар голман.