Лазаров и Нант ќе играат во финалето на „Трофејот на шампионите“

Ракометарите на Нант ќе играат во финалето на „Трофејот на шампионите”, што е прво официјално натпреварување во новата сезона и еден вид Суперкуп на Франција. Новата екипа на Кирe Лазаров во полуфиналето го совлада Монпелје со 31:28 (18:16) по голема борба во Руен.

Во борбата за првиот трофеј во сезоната Лазаров и неговите соиграчи ќе се соочат со ПСЖ, кој претходно го победи Сен Рафаел со 35:28 (17:11). Во текот на целиот натпревар Нант водеше, од моментот кога Ниокас го постигна првиот гол на средбата, преку првенецот на Лазаров, до серијата одбрани на Димулен.

Давид Балегер со 9 гола се истакна кај Нант, додека голманот Сирил Димулен забележа 21 одбрана. Лазаров имаше еден постигнат гол од пенал. Кај Монпелје, Каусе постигна 5 гола, а Жерар имаше 12 интервенции.