Лазаров и Нант убедливи против Понто Комбо

Лазаров и Нант уште еднаш во домашното првенство имаа лесна задача и остварија нова победа, овој пат против екипата на Понто со убедливи 34:24.

Нант продолжува со одличните игри во француското првенство за нови бодови на своето конто. Понто немаше никакви шанси против составот на Тјери Анти. Уште од почетокот на натпреварот со ангажирана игра Нант беше во водство и до полувремето веќе ја имаше обезбедено победата кога имаше водство 21:9.

Во второто полувреме Нант одигра рутински, тренерот ја распореди минутажата на сите играчи и сите се запишаа во листата на стрелците.

Кирил Лазаров имаше добар настап, постигна вкупно четити гола од седум обиди од кои еден беше од седум метри. Најдобар стрелец во составот на Нант беше пикерот Никола Турна кој постигна пет гола.

Со оваа победа Нант останува на втората позиција на табелата зад ПСЖ. Во следното коло гостуваат кај екипата на Сесон Рен.