Лазаров и Барселона со нова победа на тренинг меч во Асобал

По големата победа во Лигата на шампионите на готувањето кај Фленсбург, ракометарите на Барселона им се вратија на обврските во Асобал лига, каде играат натпревари на кои единствена дилема е со колку голови ќе победат.

Еден таков меч одиграа и против Ваљадолид, кој го добија со 41:35. Иако разликата не е огромна, сепак каталонците се дозираа и не играа со голем напор. Лазаров на овој меч беше стрелец на 4 голови од 7 обиди.