Лазаров испорача “седумка” за Бешикташ: Барселона со победа ја заврши групната фаза

Барселона без неколку стандардни ракометари (Томас,Карабатиќ,Сораиндо,Ентрериос) го совлада Бешикташ на гостински терен 25-29 (12-14), и од првата позиција ќе го очекува противникот во осминафиналната фаза.
Каталонците од самиот почеток имаа контрола на резултатот и константна позитива помеѓу 2 и 3 голови предност. Лазаров влезе во игра во 15 минута и до крајот на првиот дел успеа еднаш да се запише во листата на стрелците. Македонскиот капитен ги намести нишанските справи во второто полувреме во кое шест пати ја затресе мрежата на противникот и успеваше да ја одржи предноста на каталонците. Токму Лазаров со својот седми погодок во последната минута го донесе највисокото водство на Барселона од 24-29. Бешикташ постигна погодок за конечни 25-29.

Најпрецизни во екипата на Барселона беа Лазаров и Рутенка со седум постигнати гола, а во турскиот состав Рамазан 8 пати ја затресе противничката мрежа.