Лазаров за Ал Џазира Балкан: Можеме секого да победиме!

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров е оптимистички расположен пред решавачкиот натпревар за првата позиција во групата Б против Хрватска кој е на програмата денес од 17:00 часот. Тој е горд на нашата репрезентација и на сето тоа што тие го направија до сега на СП во Катар. За Ал Џазира Балкан пред натпреварот против Хрватска вели:

Дојдовме со големи амбиции на ова првенство. Доколку ни се пружи шанса сакаме да одиме до крај. Зошто да криеме? Свесни сме за својата сила, но знаеме и какви се другите репрезентации. Не се плашиме од никого, и сметам дека оваа репрезентација може многу. Исто така многу е важно да нема повреди во нашиот тим бидејки темпото е напорно и многу е важно да се одмориме после секој натпревар.

Во однос на денешниот натпревар кој прествавува борба за првото место во нашата група, капитенот вели:

Ние можеме секого да победиме. Хрватска е силна репрезентација и не треба да се трошат зборови за нив. Со години се во врвот на светскиот ракомет, освојуваа медали и се уште се горе. Имаат неколку фантастични ракометари. Кај нив не се осеќа промената на генерации. Заминаа Метличиќ, Балиќ, Лацковиќ и друштвото, а младите се веќе подготвени да продолжат.Ќе ни биде тешко но ќе се бориме до крај. Но доколку играме како против Босна и Херцеговина и Иран ќе биде опасно, бидејки не смееме да имаме такви осцилации во нашата игра.