Лазаров доби нов соиграч: Сурина е топ-стрелец за поефикасен Нант

Капитенот на репрезентацијата на Македонија, Кире Лазаров доби нов соиграч во Нант во левиот бек Гијом Саурина кој доаѓа од редовите на ЧСМ Букурешт.

Саурина ќе ја засили бековската линија после повредата на Ниокас кој ќе биде извесно време надвор од терените и нема да може да помогне во Лигата на шампионите. Новиот ракометар потпиша договор со траење до јуни во 2018 година така што тој е само решение за лев бек во текот на оваа сезона.

Се работи за искусен играч кој има 36 години и зад себе има добро минато во шампионатот на Франција. Тој е одличен стрелец, кој меѓу активните ракометари се наоѓа на високото второ место во најсилната лига во Франција. Досега има постигнато 1224 погодоци, а пред да се пресели во Романија во 2016 година го носеше дресот на Ним.