Лазаров: Да го завршиме есенскиот дел со победа!

Вардар во сабота го игра последниот натпревар во Лигата на шампионите оваа година. Во сабота во СЦ „Јане Сандански“ од 17:30 гостува данскиот шампион КИФ Колдинг Копенхаген. Во Данска, македонскиот првак го доживеа првиот пораз оваа сезона, затоа тренерот на екипата Раул Гонзалес и левиот бек Филип Лазаров очекуваат со победа да ја крунисаат оваа година во европското натпреварување.

Раул Гонзалес, тренер на екипата:

Во сабота играме против Колдинг за нас многу важен натпревар затоа што мораме да победиме ако сакаме да бидеме при врвот на табелата. Колдинг има добра одбрана и секогаш ги користат контра-нападите. Имаме потешкотии со составот бидејќи имаме повредени играчи. Карачиќ не тренираше долго време, Македа истотака има проблеми со повредите, Шишкарев имаше температура и Брумен влече повреда… Затоа до попладне ќе видиме кој ќе настапи во сабота. Треба да одиграме со стопроценти, и покрај повредите.

Филип Лазаров, ракометар на РК Вардар:

Не очекува натпревар против Колдинг на кој треба да им се вратиме на победите по три порази. Заостануваме на табелата потребни ни се овие бодови да се задржиме на горните места во група Б. Формата на Колдинг оди во нагорна линија, за разлика од почетокот на сезоната, имаа одлични партии во Барселона и Киелце затоа треба да го дадеме максимумот за да можеме да го завршиме есенскиот дел од сезоната со победа.