Лазаров го држи врвот на стрелците по две кола во квалификациите за ЕП

Капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров се наоѓа на врвот на стрелците по две изминати кола од квалификациите за пласман на Европското првенство, кое ќе се одржи во Хрватска за две години.

Лазаров има постигнато 21 гол (12 со Украина и 9 со Чешка) со кои се најде на првата позиција, пред францускиот репрезентативец Кентин Мае со 18, како и словачкиот ветеран Радослав Антл кој даде вкупно 16 голови.

На најдобриот стрелец во историјата на ЕП и СП, му недостасуваат уште 2 гола за националниот тим, за да влезе во „клубот 1000“.