Лазаров во најдобрата седморка на првиот дел од ЕП (ВИДЕО)

Македонската репрезентација на Македонија се пласираше во вториот круг од Европското првенство без ниту една победа, но тоа не го поколеба медиа тимот  на ЕХФ да го вклучи и најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров во изборот за најдобар ракометар на првиот дел од континенталниот собир во Полска. Покрај него место меѓу најдобрите имаше за: Салдаценка(голман-Белорусија), Ривера(лево крило-Шпанија), Хансен(лев бек- Данска), Сипржак(пивот- Полска), Бомбач(централен бек-Словенија), Лазаров(десен бек- Македонија), Абало(десен бек- Франција).