Лазаров:Оваа сезона имавме добри гостувања, нека биде така и против Веспрем

За реванш натпреварот против Веспрем, екипата на Вардар ќе биде посилна за враќањето на двата леви бекови Филип Лазаров и Александар Деревен.
Зголемувањето на процентот на реализација и подобар ден на голманите, според Лазаров се едни од факторите кои можат да бидат пресвртница на реваншот во Веспрем.

„Пропуштивме многу зицери, а и голманите имаа слаб ден. Ако се сменат тие две три работи сигурно дека имаме шанси. Тежок резултат е негатива од три гола, особено против Веспрем, знаеме кој е и што е, но сигурно дека имаме шанси. Нема да одиме и да се предадеме, всушност размислував деновиве и сфатив дека оваа сезона имавме добри гостувања, па нека биде така и сега. Одиме да се надигруваме, ние всушност и во Скопје не одигравме лошо, туку малку немавме среќа, оваа разлика е нереална, со тие детали што ги спомнав, како зицерите, голманите, дури според мене можевме да имаме и подобро судење како домаќин. Се надевам дека ќе се сменат тие неколку работи и ќе бидеме во игра“, рече Лазаров”.-изјави Лазаров за клупскиот сајт на Вардар.

Натпреварот се игра на 30.04 (сабота) со почеток во 17 часот и 30 минути.