„Лавовите“ ќе патуваат по копно: Талески и компанија со воз од Манхајм до Монпелје

Ракометарите на Рајн Некар Левен наместо да менуваат два лета од Манхајм до Монпелје и да чекаат по аеродроми се решија за друга варијанта и ќе патуваат по копно до францускиот град.

„Лавовите“ по утринскиот тренинг тргнаа на патот долг 740 километри со воз и веќе би требало да се пристигнати во Монпелје по патот од приближно осум часа.

Ем не чекаа по аеродроми, ем не губеа време на пасошки и царински контроли, ем стигнаа навреме до посакуваната дестинација.

Не е првпат некоја екипа за натпревар во ЛШ да патува со воз. ПСЖ две години по ред патува на завршниот турнир во Келн со ова превозно средство.

Рајн Некар и Филип Талески славеа на првата меѓусебна средба во Манхајм со 37-27, а утре од 20:45 часот ќе го одиграат возвратниот дуел.