Кјелце се мотивира пред дуелот во Скопје: Ова е нашето време! (ВИДЕО)

Екипата на Кјелце е последната пречка на Вардар за исполнување на најголемиот успех на еден македонка машка екипа во европските ракометни натпреварувања. Полјаците еднаш го почуствуваа задоволството да бидат прусутни на фајнл-фор натпреварувањето, но годинава 200 000 срца чукаат за повторување на најголемиот успех на полскиот тим. Гостите се свесни дека во сабота од 19:00 часот во арената “Јане Сандански” ги очекува вистински пекол, па преку мотивациони видеа на својата официјална страница се обидуваат да го подигнат нивото на самодоверба на своите ракометари и навивачи.

(Активирајте ја опцијата subtitles (СС) на видеото)

photo: przegladsportowy.pl