Кјелинг го напушта Силкеборг

Поранешниот репрезентативец на Норвешка Кристијан Кјелинг нема да биде дел од дански Силкеборг во наредната сезона. Неговата желба е да се врати во Норвешка играjќи за некој од норвешките суперлигашки клубови. Кјелинг беше дел и од Адемар Леон, Портланд Сан Антонио, Алборг и Драмен. Најголемиот успех го постигна со Адемар Леон и Алборг, со кои стана национален првак. Неговата колекција на медали е збогатена со златниот медал од КПК во 2005 година со Адемар Леон.