Куп на Унгарија: „Македонските“ екипи обезбедија осминафинале

Екипите на Дабас и Орошази, каде што настапуваат двајцата македонски интернационалци , десниот бек Михаил Петровски, односно пикерот Никола Маркоски, со гостински победи обезбедија пласман во осминафиналето на Купот на Унгарија.

Дабас го совлада Тороксентмиклош со 26:30, а искусниот Петровски беше стрелец на 4 голови, додека Орошази беше подобар од Кечкемет со 28:31, а македонскиот репрезентативен пикер Маркоски, постигна 2 гола.