КУП НА МАКЕДОНИЈА: Ќе има спектакл во Струга, доаѓа шампионот Вардар

Ракометарите на Струга се мачеа четириесетина минути да го скршат отпорот на жилавиот Металург 2, но на крајот успеаја да прослават убедлива победа со 36-28.

Гостите, иако со скратен ростер и без првиот тренер, даваа силен отпор во првиот дел. Најчесто се играше гол загол, но Струга замина на пауза со предност, 16-15.

Во второто полувреме, домашните заиграа подобро, а Металург 2 немаше сили повеќе да парира, па на крајот стружани победија со 36-28.

Најдобри стрелци во победничкиот состав беа Тренчевски со седум и Кузманоски со шест погодоци, додека кај Металург 2 се истакнаа Гошевски со осум и Додиќ со седум голови.

Струга во финалниот меч од група 4 ќе го пречека фаворитот Вардар во текот на утрешниот ден.

КУП НА МАКЕДОНИЈА, четвртфинални групи, резултати:

Група 1

Астраион – Вардар Јуниор 22-34
Охрид – Еурофарм Работник 20-34

Еурофарм Работник – Вардар Јуниор 38-27

Група 2

Радовиш – Пролет 16-39
Металург – Јуниор Кисела Вода  39-21

Металург – Пролет, 20.04.2019, 18:00 часот

Група 3

Тиквеш – Борец 40-31
Пелистер – Бутел Скопје 20-29

Бутел Скопје – Тиквеш, 20.04.2019, 20:00 часот

Група 4

Вардар – Прилеп 45-21
Струга – Металург 2 36-28

Струга – Вардар,
 21.04.2019, 18:00 часот