Куп на Македонија: Тинекс Пролет го совлада Работнички за финале со Металург 2 во втората четврт-финална група!

Во второто полуфинале на втората четврт-финална група, ракометарите на Тинекс Пролет го совладаа тимот на Работнички со 24-17 и се пласираа во финалето. Групата 2 чиј домаќин е Тинекс Пролет ќе го даде третиот учесник на фајнл фор турнирот од Куп завршницата на Македонија.
Тинекс 24-17 Пролет Работнички (13-8)
Уште на самиот почеток, домаќините создадоа разлика од три голови, која до крајот на првиот дел ја зголемија на пет погодоци. По првите триесет минути резултатот беше 13-8.
На почетокот на вториот дел, ракометарите на Пролет со нова серија од четири голови создадоа висока предност од девет разлика 17-8 и го решија прашањето околу победникот. По шеесет минути игра Пролет славеше со убедливи 24-17. Во финалето ќе се сретнат со екипата на Металург 2 која го совлада прволигашот Лозари во првото полуфинале.
Натпреварот со Металург, ракометарите на Тинекс Пролет ќе го одиграат од 18:30 во спортската сала „Македонско сонце“, победникот ќе се пласира меѓу најдобрите четири екипи во Купот на Македонија.