КУП НА МАКЕДОНИЈА: Пролет лесно се справи со Радовиш, ќе се бори против Металург или Јуниор за Ф4

Екипата на Пролет во првиот полуфинален натпревар во групата 2 од Купот на Македонија немаше проблеми со Радовиш. Тимот од Скопје со убелива победа се пласираше во финалето каде го очекува подобриот од дуелот помеѓу Металург и Јуниор Кисела Вода. Пролет славеше против Радовиш 39:16.

Разликата во квалитет помеѓу екипите беше очигледна, Пролет веднаш го презема водството и рано направи добра предност, 7:2. Со добра одбрана и сигурна реализација веќе на полувремето ракометарите на Пролет ја имаа обезбедено победата, по 30 минути игра беше 16:7.

Во вториот дел Радовиш започна многу слабо што Пролет го искористи да направи двоцифрена предност. Во продолжението разликата само растеше за конечна убедлива победа на составот од Скопје изразена со дури 23 разлика. Најефикасен во составот на Радовиш беше Јован Ѓорѓиев со пет гола, а во екипата на Пролет по шест погодоци постигнаа Ролевски и Џонов.

Радовиш – Пролет 62 16:39 (7:16)

Сала: Автокоманда во Скопје. Гледачи: 50. Судии: Даниело Божиновски од Битола и Виктор Начевски од Скопје. Делегат: Русе Наумовски од Скопје.

Радовиш: Авалаџиски, Димов, Атанасов 1, Јованов 2, Ситноски, Митев, Тасевски, Ѓорѓиев 5, Петров, Билиќ 2, Ристов 2, Тушев, Трајанов 4.

Седмерци: 2/4. Исклучувања: 4 мин.

Пролет: Кристо, Василевски 2, Аларов 3, Јовчевски 2, Давитковски 2, Манев 3, Ролевски 6, Тахири, Трајковски 4, Андоновски, Кимевски, Џонов 6, Дамчевски 5, Матовски 2, Стојановски 2, Манасков 2.

Седмерци: 3/3. Исклучувања: 2 мин.

КУП НА МАКЕДОНИЈА, четвртфинални групи, резултати:

Група 1

Астраион – Вардар Јуниор 22-34
Охрид – Еурофарм Работник 20-34

Еурофарм Работник – Вардар Јуниор, 19.04.2019, 19:30 часот

Група 2

Радовиш – Пролет 16-39
Металург – Јуниор Кисела Вода, 19.04.2019, 18:00 часот

Металург – Јуниор Кисела Вода / Пролет, 20.04.2019, 18:30 часот

Група 3

Тиквеш – Борец, 20.04.2019, 13:00 часот
Пелистер – Бутел Скопје, 20.04.2019, 15:00 часот

Пелистер – Бутел Скопје / Тиквеш – Борец, 20.04.2019, 20:00 часот

Група 4

Вардар – Прилеп, 20.04.2019, 14:00 часот
Струга – Металург 2,  20.04.2019, 18:00 часот

Струга – Металург 2 / Вардар – Прилеп,
 21.04.2019, 18:00 часот