КУП НА МАКЕДОНИЈА: Металург не виде мака против Јуниор

Ракометарите на Металург обезбедија место во финалето од групата 2, откако славеа против Јуниор Кисела Вода со убедливи 39:21.

Прволигашот одржуваше некаква рамнотежа во првите дваесетина минути, но попушти во финишот на полувремето и Металург замина на пауза со 16-12.

Во вториот дел тренерот Димитриоски ги смени ракометарите на теренот, но тоа не се почувствува во резултатот. Напротив разликата во корист на Металург се зголемуваше со лесни погодиц од контри.

Конечниот резултат е 39:21.Најдобри стрелци кај Металург беа Шилегов со седум и Токиќ со шест гола, додека голманот Мартин Томовски трипати ја тресеше мрежата на противникот. Во Јуниор Кисела Вода се истакнаа Гичев со седум и Маркудов со пет погодоци.

КУП НА МАКЕДОНИЈА, четвртфинални групи, резултати:

Група 1

Астраион – Вардар Јуниор 22-34
Охрид – Еурофарм Работник 20-34

Еурофарм Работник – Вардар Јуниор, 19.04.2019, 19:30 часот

Група 2

Радовиш – Пролет 16-39
Металург – Јуниор Кисела Вода  39:21

Металург – Пролет, 20.04.2019, 18:00 часот

Група 3

Тиквеш – Борец, 20.04.2019, 13:00 часот
Пелистер – Бутел Скопје, 20.04.2019, 15:00 часот

Пелистер – Бутел Скопје / Тиквеш – Борец, 20.04.2019, 20:00 часот

Група 4

Вардар – Прилеп, 20.04.2019, 14:00 часот
Струга – Металург 2,  20.04.2019, 18:00 часот

Струга – Металург 2 / Вардар – Прилеп,
 21.04.2019, 18:00 часот