КУП НА МАКЕДОНИЈА: Куманово се израдува на првиот трофеј

Во финалето на Купот на Македонија во женска конкуренција домаќинот на завршниот турнир Куманово наиде на силен отпор од Вардар, но на крајот трофејот заврши кај кумановки кои славеа со 24:22. Во одлична  атмосфера  во Спортската сала во Куманово во финишот решаваа моменти, а во една таква завршница во која една топка беше максимално важна за триумфот кумановки беа поконцентрирани.

Натпреварот двете екипи го започнаа многу мотивирано во обид да стигнат до трофејот. Вардар имаше императив да ја брани титулата освоена минатата година но против себе имаше исклучително квалитетен противник.

Куманово подобро го отвори натпреварот и после водството на Вардар од 0:1 ја презема контролата на теренот и на резултатот. Во десетата минута го имаа првото повисоко водство изразено со три гола, 5:2. Кумановки продолжија во добар ритам за нивното водство да расте во продолжение и во 20 минути игра имаа одлични 10:5.

Вардар заигра подобро во одбрана, Куманово имаше проблеми во реализација во нападот и вардарки успешно се вратија во натпреварот во финишот на привот дел со серија 4:0 намалија на 10:9. Сепак Куманово отиде на одмор со предност 11:9.

Второто полувреме кумановки подобро го отворија и успеаја да се одлепат на 14:10 пред продолжението. Вардар не се предаваше со одлична игра во 50 минута стигна на само гол негатива. Веднаш после тоа имаа напад за израмнување но одбрани голманот на Куманово, Ивана Наумовска која имаше добра партија на финалниот дуел. Потоа кумановки реализираа и во 55 минута и повторно имаа два предност 22:20 во пресрет на завршните пет минути.

Финалето влезе во неизвесна завршница во 58 минута Куманово имаше еден предност, Сања Дабевска од седмерец зголеми на два а во следниот напад одбрани Наумовска и го донесе својот тим многу блиску до трофејот во купот. На триесет секунди до крај Куманово имаше шут за победа но Шарановиќ погоди во стативата. Вардар имаше напад за израмнување но Јована Кипријановска ја пресече топката и Куманово забележа минимална но многу победа вредна историја и трофеј во Купот на Македонија.

Ана Шарановиќ беше вистински лидер и предводник на својата екипа со постигнати гола, исто така на голот блескаше Ивана Наумовска.