Куп на Македонија: Дерби дуелите закажани во 20 часот

Ден после одредувањето на двојките за полуфиналето од Купот на Македонија и во машка и во женска конкуренција стана јасно кога ќе се играат натпреварите.

Домаќинот на Купот на Македонија, Куманово одлучи својот натпревар против Металург да го одигра во вториот термин. Претходно в четврток ќе играат Вардар и Стружанка.

В петок кога се играат машките полуфиналиња сосема очекувано прво Металург и Бутел Скопје ќе се пресметаат во првото полуфинале, а потоа во главниот термин Вардар ќе игра против Еурофарм Работник.

Што се однесува до финалињата тие како што и претходно беше познато се играат в сабота. Прво од 16 часот играат дамите, а четири часа подоцна се и мажите.

ЧЕТВРТОК, 9 МАЈ

17:00ч

ВАРДАР – СТРУЖАНКА

20:00ч

КУМАНОВО – МЕТАЛУРГ

ПЕТОК, 10 МАЈ

17:00ч

МЕТАЛУРГ – БУТЕЛ СКОПЈЕ

20:00ч

ВАРДАР – ЕУРОФАРМ РАБОТНИК

САБОТА, 11 МАЈ

16:00ч

ФИНАЛЕ – ЖЕНИ

20:00ч

ФИНАЛЕ – МАЖИ