КУП НА МАКЕДОНИЈА: Две пресметки во Скопје за нови полуфиналисти

После вчерашниот пласман на тимот на Еурофарм Работник во полуфиналето од Купот на Македонија денеска уште две екипи ќе се придружат на Ф4 турнирот.

Се играат две групи во Скопје каде што се очекува придружување на уште две екипи во полуфиналето. Јасно е дека едната ќе биде сигурно од Скопје бидејќи во финалето на Групата 2 се најдоа очекувано Металург и Пролет.

Во другата група главниот дуел е меѓу Бутел Скопје и Пелистер. Кој ќе победи од овој меч во финалето на Групата 3 не би требало да има проблеми против ГРК Тиквеш или Борец.

КУП НА МАКЕДОНИЈА – МАЖИ

ЧЕТВРТ-ФИНАЛНИ ГРУПИ

ГРУПА 1

АСТРАИОН – ВАРДАР ЈУНИОР                22:34 (11:16)

С. Стојанов 9, Ж. Стојанов 3, Ончев 2 – Димов 8, Кукуловски 6, Јакимовски 5

ОХРИД – ЕУРОФАРМ РАБОТНИК           20:34 (10:19)

Тасески 4, Димитријески 4, Петровиќ 3 – Кузмановски 7, Ојлески 6, Блажевски 4

ФИНАЛЕ

ЕУРОФАРМ РАБОТНИК – ВАРДАР ЈУНИОР       38:27 (23:12)

Кузмановски 7, Граџан 6, Д. Петровски 5 – Кукуловски 13, Димов 5, Гашовски 4

ГРУПА 2

РАДОВИШ – ПРОЛЕТ    16:39 (7:16)

Ѓорѓиев 5, Трајанов 4, Јованов 2 – Џонов 6, Ролевски 6, Дамчевски 5

МЕТАЛУРГ – ЈУНИОР КИСЕЛА ВОДА    39:21 (16:12)

Шилегов 7, Токиќ 6, Миличевиќ 5 – Гичев 7, Маркудов 5, Јаховиќ 2

САБОТА, 20 АПРИЛ

18:00ч

ФИНАЛЕ

МЕТАЛУРГ – ПРОЛЕТ

ГРУПА 3

САБОТА, 20 АПРИЛ

13:00ч

ТИКВЕШ – БОРЕЦ

Сала: „Антон Димитров“ во Скопје. Судии: Марија Илиева и Силвана Карбеска од Скопје. Делегат: Душко Камишевски од Скопје.

15:00ч

ПЕЛИСТЕР – БУТЕЛ СКОПЈЕ

Сала: „Антон Димитров“ во Скопје. Судии: Димитар и Дејан Георгиевски од Скопје. Делегат: Марјан Начевски од Скопје.

20:00ч

ФИНАЛЕ

Сала: „Антон Димитров“ во Скопје. Судии: Адриана Здравковска и Сања Божиновска од Скопје. Делегат: Мамер Реџепи од Скопје.

ГРУПА 4

САБОТА, 20 АПРИЛ

14:00ч

ВАРДАР – ПРИЛЕП           

Сала: СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Судии: Лејла Јашар и Михаела Капсарева од Скопје. Делегат: Марјан Огњановски од Скопје.

СТРУГА – МЕТАЛУРГ 2

Сала: „Тими“ во Струга. Судии: Михајло и Методија Илиевски од Битола. Делегат: Игор Огненов од Битола.

НЕДЕЛА, 21 АПРИЛ

18:00ч

ФИНАЛЕ

Сала: „Тими“ во Струга или Сала: Автокоманда во Скопје. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола. Делегат: Васко Дјакоски од Кичево.