КУП НА МАКЕДОНИЈА: Бутел напиша историја, за првпат ќе игра на Ф4!

Ракометарите на Бутел Скопје по победата над битолски Пелистер, имаа лесна задача со прволигашот Тиквеш и прославија убедлив триумф со 36-29.

Победникот беше решен уште по првото полувреме, кога домашните водеа со 24-13, а во вториот дел со измешан состав успеа да ја одржи разликата.

Најдобри стрелци кај победникот беа Давидовиќ со шест, како и Мајиќ и Мојсоски со по пет голови, додека кај Тиквеш се истакна Пеовски со седум погодоци.

Ова е историски резултат за Бутел, кој со оваа победа за првпат во клупската историја, ќе игра на завршниот турнир во Купот на Македонија.

КУП НА МАКЕДОНИЈА, четвртфинални групи, резултати:

Група 1

Астраион – Вардар Јуниор 22-34
Охрид – Еурофарм Работник 20-34

Еурофарм Работник – Вардар Јуниор 38-27

Група 2

Радовиш – Пролет 16-39
Металург – Јуниор Кисела Вода  39-21

Металург – Пролет 31-29

Група 3

Тиквеш – Борец 40-31
Пелистер – Бутел Скопје 20-29

Бутел Скопје – Тиквеш 36-29

Група 4

Вардар – Прилеп 45-21
Струга – Металург 2 36-28

Струга – Вардар,
 21.04.2019, 18:00 часот