Куп на ЕХФ: Шиофок и Есбјерг на чекор до финале

Се одиграа двете полуфинални средби од Купот на ЕХФ, а силите ги одмерија Хернинг со Есбјерг и Шиофок против Виборг.

Есбјерг речиси ја заврши својата работа пред реваншот на свој терен. Тие за противник го имаа добро познатиот за нив Хернинг кој на домашен терен не успеа да слави и загуби со 23:20. Натпреварот со малку голови го одлучуваа нијанси, а фаворитот однесе победа.

Виборг е пред иста судбина како минатогодишната. Лани за нив во полуфиналето беше кобен Кристијансанд, а сега пред ист подвиг е унгарскиот Шиофок. По првата полуфинална средба тимот од Унгарија се стекна со предност од 28:24 и со истата оди на реванш во Данска.

Реваншите од овие две средби ќе бидат одиграни следната седмица. Победниците од првите дуели имаат голема предност и добри шанси за влез во големото финале.

РЕЗУЛТАТИ:

Шиофок – Виборг 28:24 (15:12)
Хернинг – Есбјерг 20:23 (10:12)