Куп на ЕХФ: Шиофок извлече реми кај Есбјерг, во Унгарија ќе се додели титулата

Во финалето на Купот на ЕХФ во женска конкуренција се данскиот претставник Есбјерг и унгарскиот Шиофок. Првиот дуел на кој Есбјерг беше домаќин заврши нерешено 21:21 па освојувачот на трофејот ќе се добие на теренот на Шиофок.

Во нерешениот исход на овој дуел во составот на Есбјерг најдобар стрелец беше Солберг со шест гола. Во екипата на Шиофок поранешната ракометарка на Вардар, Андреа Кобетиќ со шест гола беше најефикасна во свјот тим.

Возвратниот решавачки натпртевар се игра во Унгарија на 11 мај со почеток во 20:30 часот што е одлична можност за Шиофок на домашен терен да дојде до трофејот во ЕХФ купот.