Куп на ЕХФ: Порто и Холстебро обезбедија билети за Ф4

Се одиграа две реванш средби од четвртфиналето во Купот на ЕХФ по кои се познати три учесника на завршниот турнир. Покрај директно пласираниот Кил, за трофејот ќе се борат уште Порто и Холстебро.

Португалскиот претставник беше подобар во двомечот од францускиот Сен Рафаел, а екипата од Данска по победата над Татабања на домашен терен, на гостувањето во Унгарија успеа да ја одбрани предността од првиот натпревар.

Порто по нерешениот резултат на гостувањето во Франција имаше одлична можност на домашен терен да обезбеди Ф4, тоа го искористија и славеа победа 34:30 над Сен Рафаел. Првото полувреме беше максимално изедначено со наизменично водство и на двата тима. Сепак по 30 минути игра Порто имаше предност 17:15. Во вториот дел домашните продолжија во добар ритам и го скршија отпорот на Сен Рафаел, поведоа со високи 32:25 и веќе беше познат победникот од двомечот.

Холстебро на гостувањето кај Татабања отиде со пет гола предност кои на крајот се покажаа доволна залиха за да го елиминираат унгарскиот состав. На возвратниот дуел Татабања ја победи екипата од Данска 26:23, но тоа не беше доволно за вкупна победа. Првото полувреме го добија домашните со 14:12. Во вториот дел унгарците стигнаа до предност со која имаа пласман на Ф4, 20:14. Сепак Холстебро се врати во игра ја намали разликата и издржа до крај за вкупна победа.

Куп на ЕХФ, четвртфинале, резултати

Татабања – Холстебро 26:23 (24:29)
Порто – Сен Рафаел 34:30 (30:30)
Фуксе Берлин – Хановер – недела 15 часот, (34:26)

*во заградите се резултатите од првите натпревари