Куп на ЕХФ: Ни тешко, ни лесно за Охрид

Ракометарите на Охрид, кој го освоија третото место во Суперлигата, годинава ќе дебитираат во европските купови, конкретно во силниот Куп на ЕХФ и ќе имаат тешка задача да стигнат до второто квалификациско коло.

Противник на избраниците на Горан Андоновски ќе биде холанскиот тим КРАС Волендам. Првиот натпревар „гладијаторите“ ќе го играат на домашен терен. Со оглед на силните тимови кои можеа да ги добијат, може да се каже дека ова е добра ждрепка.

Но тешкото доаѓа потоа. Португалскиот Порто би бил противникот во второто квалификациско коло, доколку македонскиот тим го елиминира Волендам. Првото коло ќе се игра на почетокот на септември, 2 или 3, додека реванш мечевите се еден викенд подоцна. За да се стигне до групната фаза во ЕХФ Купот треба да се поминат три квалификациски кола.