Куп на ЕХФ: Металург и Куманово нема да бидат носители, стартуваат од 1 коло! (ФОТО)

Двата претставника во женскиот Куп на ЕХФ од Македонија, Металург и Куманово, ќе имаат тежок пат во второто по ранг европско клупско натпреварување.

Нашите тимови ќе започнат уште во првото коло, а се наоѓаат во групата на неносители. Имаат за можни ривали, екипи од типот на Крајова, Баер Леверкузен, Заглебје, Астраханочка, Бјасен…

Поволна ждрепка можеби единствено би биле швајцарскиот Брул, азербејџанскиот тим Азераил и чешката Славија Прага.

Првите натпревари се играат на 7 или 8 септември, додека реваншите се на програмата следниот викенд.