КУП НА ЕХФ: Констанца по нова победа за чекор плус кон четврт-финале

Звонко Шундовски, Бранислав Ангеловски, Никола Митревски и Велко Маркоски денеска против тимот на Холстебро ќе имаат важна битка и обид да дојдат до четврт-финалето од Купот на ЕХФ. Тие се домаќини на меч од 5. коло и тука можат да решат сè.

Со победа против Холстебро и притоа и нов триумф на Порто или реми ќе се дојде на чекор од остварувањето на планот за место во четврт-финалето така што ќе може да се има мирно последно коло.

Што се однесува до претставникот на Македонија, Еурофарм Работник својот меч го игра утревечер и може со победа да се врати дури и во игра за место во четврт-финалето.

КУП НА ЕХФ-МАЖИ

ДВОЈКИ ЗА 5. КОЛО

ГРУПА 1

САБОТА, 23 МАРТ

20:00ч

СТ. РАФАЕЛ – ФУКСЕ БЕРЛИН

НЕДЕЛА, 24 МАРТ

14:00ч

БАЛАТОНФУРЕДИ – ЛОГРОЊО ЛА РИОХА

ТАБЕЛА: 1. Фуксе Берлин 8 бода (125:109); 2. Ст. Рафаел 6 (118:109); 3. Логроњо Ла Риоха 2 (111:117); 4. Балатонфуреди 0 (98:117).

ГРУПА 2

САБОТА, 23 МАРТ

19:30ч

НЕКСЕ – ТАТАБАЊА

НЕДЕЛА, 24 МАРТ

19:30ч

ЕУРОФАРМ РАБОТНИК – ХАНОВЕР

ТАБЕЛА: 1. Нексе 6 бода (108:99); 2. Татабања 5 (113:101); 3. Хановер 3 (101:105); 4. Еурофарм Работник 2 (89:106).

ГРУПА 3

САБОТА, 23 МАРТ

18:00ч

КОНСТАНЦА – ХОЛСТЕБРО

НЕДЕЛА, 24 МАРТ

12:00ч

КУЕНКА – ПОРТО

ТАБЕЛА: 1. Порто 8 бода (137:115); 2. Констанца 4 (116:116); 3. Холстебро 4 (113:116); 4. Куенка 2 (104:123).

ГРУПА 4

САБОТА, 23 МАРТ

18:00ч

КИЛ – ГРАЊОЛЕРС

18:45ч

ГОГ – АЗОТИ ПУЛАВИ

ТАБЕЛА: 1. Кил 8 бода (122:90), 2. ГОГ 4 (110:117); 3. Гранољерс 3 (112:130); 4. Азоти Пулави 1 (114:121).